Дваесетгодишната Британка Морган Рибеиро почина во Белград откако авионот од кој се враќала дома по операцијата на намалување на желудникот во Турција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дваесетгодишната Британка Морган Рибеиро почина во Белград откако авионот од кој се враќала дома по операцијата на намалување на желудникот во Турција, пред неколку дена итно слетал на белградскиот аеродром бидејќи и се слошило.

Авиокомпанијата потврди за порталот Aero.rs дека авионот кој летал од Истанбул за Лондон морал да слета во Белград бидејќи на еден од патниците му се слошило.

„Здравјето и безбедноста на нашите патници се приоритет, а патникот го напушти авионот за да добие итна медицинска помош. Со тага ја примивме веста дека патникот починал по лекувањето и нашите мисли во овој момент се со семејството“, соопшти WizzAir.

Таа беше оперирана во Турција на 5 јануари, а три дена подоцна и било кажано дека е безбедно да се врати дома. Морган и нејзиното момче се качиле во авионот за Лондон, но и се слошило за време на летот, поради што авионот итно беше спуштен во Белград.

Според српските медиуми, лекарите откриле дека при интервенцијата во Турција и е пресечено тенкото црево, што довело до инфекција.

Четири дена подоцна, и покрај напорите на српските лекари, паднала во кома, и починала на клиниката во Белград.

Нејзиното момче изјавило дека таа имала силни болки за време на летот за дома и дека била жешка.

– Стјуардесата и даде мраз и вода, а затоа што потешко дишеше, ја однесе до предниот дел на авионот каде има повеќе простор и и ставимаска за кислород – изјавило момчето.

Нејзината мајка објаснува дека не знаела за операцијата се додека Морган не се качила во авионот.

- Advertisement -
Ad image

– Кога дознав, веќе беше доцна, таа веќе беше во авионот. Имав лошо чувство бидејќи имав слушнато секакви приказни за Турција – изјавила таа за британски „Индипендент“.

Share This Article