Дваесет и тригодишник од Крива Паланка бил приведен откако викендов по расправија започнал тепачка со обезбедување во казино во Куманово.
Според билтенот на МВР, околу 03.30 часот во казино во Куманово, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.П. и В.Т.(49) од Куманово, вработен како обезбедување во објектот, кој употребил и тврд предмет.
„На 04.11.2023 во 04.50 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(23) од Крива Паланка“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Д.П. агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.