Дваесет и двајца авганистански цивили, кои во изминатиот период престојуваа во Северна Македонија, добија престој во Канада

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дваесет и двајца авганистански цивили, кои во изминатиот период престојуваа во Северна Македонија, добија престој во Канада. Со лет од Меѓународниот аеродром во Скопје денеска заминаа вработени и соработници на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ и членови на нивни семејства, соопшти прес-службата на Владата.

„Со ова продолжува успешната мисија за трајно решавање на статусот на мирољубивото население на Авганистан кое е во животна опасност од талибанскиот режим. Северна Македонија активно учествува грижејќи се за неколку стотини кои до сега пристигнаа во земјава.

Повеќе институции и невладини организации се ангажирани пружајќи им ја сета помош и поддршка додека се сместени во објекти во Скопје. Вклучени се здравствени работници, волонтери на Црвениот крст, а со правна помош за обезбедување документи потребни за заминување во трети земји асистира Македонското здружение на млади правници“, информира владината прес-служба.

Share This Article