More

    Дваесет и четиригодишна девојка починала од струен удар вчера во куќа во селото Горно Арнакија

    spot_img

    Дваесет и четиригодишна девојка починала од струен удар вчера во куќа во селото Горно Арнакија. Од удар на струја починала и нејзината мајка која се обидела да ѝ помогне, додека сестрата на девојката истрчала да побара помош. Кога се вратила ги нашла двете починати.

    Вчера околу 14.50 часот во Полициско одделение Сарај од Итната медицинска помош е пријавено дека во село Горно Арнакија има две женски лица починати од струен удар.\Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар.

    Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img