Два случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден. Во семејниот дом на подрачјето на општина „Ѓорче Петров“, 77-годишна жена била нападната од својот сопруг. Во Чаир 38-годишна жена пријавила дека била физички нападната и малтретирана од сопругот и од неговото семејство.
„Во СВР Скопје, вчера во 18 часот, 77 – годишна жена пријавила дека околу 13.50 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров, физички ја нападнал нејзиниот сопруг П.Х. од Скопје.
Вчера во 01.00 часот во СВР Скопје, 38 – годишна жена пријавила дека на 05.11.2023 околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг А.И.(46), свекрва С.И.(71) и золва А.И.(43), сите од Скопје“ – стои во известувањето од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.