Два пожари на две различни локации во Грција, едниот на 20 километри југоисточно од центарот на Солун на патот кон Переа, а другиот во западниот дел на грчкиот остров Кеа, избувнаа денеска, а во справувањето со огнената стихија интервенираат копнени и воздушни сили, јави дописничката на МИА од Атина.
Според противпожарната служба на Грција и во двата пожари гори ниска вегетација.
Пожарот кај Солун е во непосредна близина на куќи во регион што не е густо населен, а кусо пред 14 часот по локално време беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи до граѓаните во конкретната област да бидат во состојба на готовност поради пожарот.
Порака од бројот 112 беше испратена и до сите оние кои се во западниот дел на островот Кеа, односно во две населени места да се евакуираат.
фото: МИА