More

    Два нови случаја на голема кашлица (пертусис) се регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово

    spot_img

    Два нови случаја на голема кашлица (пертусис) се регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово, информираат надлежните.

    Станува збор за 5-годишно дете од Куманово и 40-годишен жител на Крива Паланка. Возрасниот пациент е регистриран на 23 февруари, а 5-годишното дете е пријавено на 16 февруари годинава.

    – Потврден е во Институтот за јавно здравје, не е хоспитализиран, на домашно лекување е – изјави доктор Едита Рамизи, од ЦЈЗ Куманово.

    Четириесетгодишниот маж е целосно вакциниран со сите примени дози на вакцината. Момчето не е вакцинирано и не посетува градинка. Тоа е на домашно лекување со терапија.

    Центарот за јавно здравје претходно соопшти дека има 3 случаи на деца со пертусис. Три деца се од Куманово, а 2 се од исто семејство. Од тие кои се од исто семејство, едното е на 4-годишна возраст и 13 месеци, а другото е 18-месечно бебе. Тие беа заболени од пертусис до 9 февруари годинава. Сите случаи се лабораториски потврдени, невакцинирани и не посетуваат градинка.

    Претходно, од Здравствен дом Куманово информираа дека расте интересот за вакцинација. Родителите, кои досега од различни причини не ги вакцинирале децата, сега ги носат во здравствените пунктови.

    – Со зголемување на бројот на заболени од пертусис почна да се зголемува бројот на вакцинирани деца. Родителите ја забораваат ревакцината бидејќи следува по примањето на МРП вакцината. Сметам дека секој ја има видено видеоснимката од бебето кое не може да земе здив од болеста, па и родителите сега се поисплашени, доаѓаат да ги вакцинираат бебињата и поголемите деца. За жал, имаме деца на 4-годишна возраст без ниедна примена доза, што е загрижувачки – изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска од диспанзер Куманово.

    И од двете јавни установи апелираа родителите да ги вакцинираат децата за да не се враќаат заборавените болести во регионот и во земјата.

    фото: Flickr.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img