Два нови силни земјотреси во Турција и Сирија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен. Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета.

Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), имало два одделни потреси. Еден се случил околу 20.04 часот. по локално време во областа Дефне во Хатај, со јачина од 6,4 степени, додека другиот се случил три минути подоцна, со епицентар во провинцијата Самандаг во Хатај, со јачина од 5,8 степени.

Според првичните извештаи, најмалку 8 луѓе се повредени во денешните потреси.

Освен во Турција и во Сирија земјотресите биле почуствувани и во Либан и во Палестина.

Турската агенција Анадолија објави видеоснимки од денешните потреси на својот профил на Твитер.

 

Share This Article