More

    Два нови масакра во САД

    spot_img

    Две масовни пукања со најмалку шест мртви и триесетина ранети се случија во САД во последните 24 часа, јавуваат американските медиуми. Четворица тинејџери се убиени, а повеќе од дваесет луѓе се повредени во масовно пукање синоќа на роденденска забава во гратчето Дејдвил во американската држава Алабама

    Пукањето се случило околу 22.30 часот по локално време, на прослава на 16-ти роденден во просториите на танцово студио, пренесува „Би-би-си“. На социјалните мрежи е објавена морничава снимка на која се гледа како едно момче испукува повеќе куршуми кон друго, кое се обидува да избега, додека наоколу сите трчаат.

    Не колку часа претходно непознато лице или лица пукаа во толпа народ во парк во Луисвил, Кентаки. Две лица загинаа, а уште четворица се ранети.

    – Стотици луѓе беа во паркот во моментот на пукањето кога некој почна да пука во толпата, погодувајќи најмалку шест лица – рече заменик-шерифот на Луисвил Пол Хемфри.

    Не е јасно кој отворил оган. Полицијата соопшти дека допрва треба да идентификува кој е одговорен или да го утврди мотивот за инцидентот.

    Во САД се случија најмалку 162 масовни пукања во првите 15 недели од 2023 година, според Архивата за насилство со огнено оружје. Тоа е во просек повеќе од 1,5 масовни пукања секој ден досега оваа година. Архивата ги дефинира како „масовни оние пукања во кои се застрелани четири или повеќе лица, не сметајќи го напаѓачот.

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img