Два месеца нема изотопи на Институтот за патофизиологија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сто пациентки два месеца чекаат скен на коските за да им биде дадена онколошка терапија, беше кажано на денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти.

Ана Марјановиќ од здружението посветено на пациентите со рак и нивните негуватели „Хемо-онко“ рече дека за овој проблем денеска го известила министерот за здравство Арбен Таравари.

– За скен на коските во овој момент чекаат 100 пациентки со приоритетни упати пратени на тоа испитување за продолжување на онколошката терапија. Додека не се направи испитувањето, тие се без терапија, што го комплицира нивното лекување. Проблемот што е посочен од институцијата е дека немаат изотопи. Чекаат речиси два месеца. Додека имаат изотопи, снимањата одат регуларно, по протокол, доколку имате потпис од онкологот и печат дека сте приоритетен пациент, само тогаш добивате предност. Меѓутоа, проблемот во изминатите два месеца е дека пациентки со печати чекаат да бидат прегледани за да знаат нивните онколози како да го продолжат лекувањето, не можат да го добијат тоа снимање – рече Марјановиќ.

Министерот Таравари рече дека првпат слуша за овој проблем и дека ќе се информира што може како Министерството за здравство да направи.

– Јас сега првпат дознавам дека нема изотопи. Веднаш ќе видиме што можеме како Министерство за здравство. Ако не се лажам, ова се работи во Институтот за патофизиологија, кој воопшто не е под Министерството за здравство, туку е под Медицинскиот факултет и под Министерството за образование, но секако повторно ние треба да интервенираме и да видиме што можеме да направиме – рече Таравари.

Иако пациентите се жалат дека многу долго чекаат за мамографија и за ехо, министерот рече дека во споредба со земјите од регионот, кај нас најмалку се чека за такви снимања. Целта им е да стасаат до бројка од 13.000 превентивни прегледи за откривање рак за една година. Лани се направиле 5.000 прегледи, а од почетокот на годинава – 9.000.

Здружението „Хемо-онко“ втора година по ред организира симболичен појадок со онколошките пациенти. Тоа бара Министерството за здравство да обезбеди нови терапии за пациентите, современ начин на скрининг и дијагностика и да ја зацврсти соработката со нив.

Share This Article