Два ипол пати повисок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и четири пати повисок на Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 25,1% пред 9,5%, во анкетата на „Маркет вижн“ што ја нарача порталот МКД. Додека рејтингот на најг9лемата опозициска партија е два ипол пати повисок од тој на СДСМ, рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е во пораст и е речиси четири пати поголем од рејтингот на премиерот Димитар Ковачевски.

Телефонската анкета е спроведена на примерок од 1.200 испитаници, од 18 до 25 септември.

Една четвртина од испитаниците изјавиле дека на наредните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО- ДПМНЕ (25,1%), потоа следуваат ДУИ со 9,7%, СДСМ со 9,5% и Левица со 7,1%.

Над две третини или 69,7% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена. Но, од оние кои се изјасниле, во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Димитар Ковачевски 3,5%, во Димитар Апасиев 3,1% и во Али Ахмети 3,7% од испитаниците.

Повеќе од половина или 52,2% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори. Споредено со одговорите на испитаниците од истражувањата во јуни и февруари 2023 година, се забележува тренд на намалување на бројот на испитаници кои се изјасниле дека ќе излезат на следните избори.

Последната анкета на „Фокус“, чии што целосни резултати ќе бидат објавени утре (понеделник, 9 октомври), покажала дека актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, за неполни две години од седнувањето на „жешкото столче“ станува најпопуларен политичар во земјава.

Така, според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Никола Груевски и Христијан Мицкоски, кои имаат 11,1%, односно 10,5 % поддршка од граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article