Два инциденти и едно видео утрово ja разбрануваа Србија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ученик од основното училиште „Јефимија“ во Обреновац во Србија, пробал да го изимитира вчерашниот масакр во Врачар вадејќи пластичен пиштол и вперувајќи го во учениците. Инцидентот се случил утрово во 07 и 35 часот, по утринскиот едноминутен молк за жртвите од Врачар.

Наставничката ги оставила децата во училницата и отишла да провери дали сите влегле за да го започнат часот, а тогаш ученикот го извадил пластичниот пиштол и му го покажал на друг ученик.

Другиот ученик му го грабнал пиштолот и пробал да го фрли во канта, а потоа интервенирал трет ученик кој го зел пиштолот и почнал да мафта низ училницата.

– Училишниот полицаец веднаш реагирал. Децата се исплашени, информиран е заменик-раководителот на Центарот за социјална работа, а едно од момчињата со неговиот родител е предадено на припадници на МУП, кои веднаш реагирале по повикот за ваков настан – изјави Младен Мијатовиќ во настап на ТВ Пинк.

Истовремено, на социјалните мрежи почна да се шири видео од средно училиште во Обреновац каде средношколците пред почеток на еден час се исмеваат со масакрот. Притоа едно момче го вперува својот мобилен телефон во својот пријател, а тој паѓа како да е погоден.

 

 

Видеото е објавено со коментар „дали е ова реално, што прават овие деца на овој ден?“.

Потоа следеа објавите на децата кои покрај сликата на момчето убиец оставија коментари „каков крал“, заедно со емотикони од пиштол.

- Advertisement -
Ad image

Се чини дека на повеќе места во Србија учениците пробуваат да го копираат овој настан. Во училиште во Војводина во текот на вчерашниот ден имаше пријава за ученик кој нешто се заканил, а училиштето веднаш било затворено. Ова го потврди српскиот претседатал Александар Вучиќ.

– Веднаш реагиравме, го затворивме училиштето, го одведовме детето да разговара со него. Секако, тоа беше сосема бесмислена закана – рече Вучиќ во своето обраќање по повод трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград.

Да потсетиме, тринаесетгодишно момче Коста К. влегло во училиштето  со два пиштоли и четири молотови коктели и убил осум соученици, еден чувар, а ранил уште седум лица. Тој имал претходен список за тоа кого и како ќе го убие. Бил неверојатно прецизен во пукањето.

- Advertisement -
Ad image

Таткото на момчето на рапист во полицијата откри дека Коста К. му велел дека е отфрлен од општеството, но дека тој не забележал ништо чудно кај момчето.

Тој рече и дека не знае како момчето ги знаело шифрите од сефот каде тој ги чувал пиштолите и пушките за кои имал дозвола.

Share This Article