Два хеликоптери на МВР се во дефект поради активности во гасење на пожарите низ земјава, потврди МВР.
Со еден од нив се вршеше и медицински транспорт. Третиот активен хеликоптер на МВР е на редовен сервис.
Од МВР велат дека се чекаат експерти од Шведска за да се санираат дефектите, и повторно да бидат во употреба хеликоптерите.
-При овие интензивни активности, кај хеликоптерот Бел-412 се појави дефект, кој заедно со експерти од Шведска очекуваме да го санираме и да биде повторно вратен во употреба во текот на неделата Кај хеликоптерот Ми 171, пак, по утврден дефект, нашите стручни лица преземаат максимални напори да се врати што побрзо во употреба- изјави Гоце Андреевски од МВР.
фото: МИА