Дурмиши: Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски одржаа прес-конференција на која информираа за акцијата “Новогодишна кошница“ која што започна вчера.

Како што информиравме и како што беше најавено, вчера започна акцијата „Новогодишна кошница“ која што ја најавивме уште на почетокот на есента.

Задоволство ми е да кажам дека бројот на производи во “Новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно денешниот ден достигна 1036 производи. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од вчера се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети. Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис секторот, каде тие понудија производите кои сe понудени по пониски цени за граѓаните од најмалку 10 проценти и ќе таре од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.

Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови.

Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе““ кажа министерот Дурмиши.

Како што појасни министерот иако вчера за голем дел од маркетите низ државата беше неработен ден, односно работеа маркетите само во трговските центри и во туристичките места, производите на рафтовите беа обележани како што тоа го забележа Државниот пазарен инспекторат.Сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошницата (производители, дистрибутери, маркети…) се објавуваат на интернет страната www.mojakosnica.mk. Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk .

Сакам уште еднаш да повторам дека оваа „Новогодишна кошница“ ја направивме во консултации со бизнисот, каде што одржавме десетици состаноци со сите.

За прв пат оваа “Новогодишна кошница“ од мерките кои претходно се носеле со цел за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи оваа мерка произлегува од бизнисот, а не е одлука на Владата. Оваа таканаречена мерка е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци која ќе важи еден месец“ потенцира Дурмиши.

Министерот информираше дека мониторингот на цените се врши во согласнст со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно се гледаат цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истиоте производи кои биле во псоледните 30 дена.

- Advertisement -
Ad image

На рафтовите треба да биде истакната новата намалена цена и старата цена.

На веб страната Моја кошница транспарентно се објавени сите производи кои токму компаниите, дистрибутерите и трговците ги понудиле за граѓаните, каде што сите ќе може да се информираат како на дневна основа се зголемува бројот на производи. Министерството за економија и труд континуирано работи на носење на мерки кои ќе значат помали трошоци на граѓаните и заштита на животниот стандард“ кажа Дурмиши и апелираше до до компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk

Share This Article