ДУРИ И ФАНОВИТЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ХАРИ И МЕГАН НА НЕТФЛИКС

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дури и нивните фанови, кои беа спремни да поверуваат во приказните дека животот во кралската палата им бил исклучително тежок, се разочараа откако го видеа документарецот за принцот Хари и Меган Маркл на Нетфликс.

„Има ли оваа жена срам?!“ Ова е најчестиот коментар на гледачите на сцената кога Меган го навредува неговото семејство, а Хари црвенее од срам.

Во филмот Хари и Меган се однесуваат така што ги губат симпатиите од сите кои до сега покажуваа разбирање за маките на кралската двојка.

Во една од епизодите на документарната серија, Меган Маркл ги исмева обичаите на кралското семејство и за време на напад на смеа, се обидува да здивне, објаснувајќи како Британците ѝ се поклонуваат на кралицата.

Цело време додека таа зборува за тоа, Хари црвенее од срам и се чувствува понижен од начинот на кој неговата сопруга ги опишува обичаите на кралското семејство.

Но, за вкусовите обично не се расправа. Кој сака, може да ја погледне серијата и самиот да донесе заклучок. Ова е официјалниот трејлер:

Share This Article