More

    Дури и директорот на ФБИ ја обвинува лабораторијата во Вухан за избувнувањето на пандемијата

    spot_img

    Откако американското Министерство за енергетика во својот последен извештај процени дека пандемијата „Ковид-19“ започнала поради истекувањето на вирусот од лабораторија во Кина, директорот на Федералната полиција на САД ФБИ исто така ги потврди овие наоди.

    Пандемијата „Ковид-19“ најверојатно е предизвикана од несреќа во лабораторија во Вухан, Кина, изјави во вторникот директорот на ФБИ, Кристофер Вреј. Со ова тој ги потврди наодите на американското Министерство за енергетика, кое на почетокот на неделата процени дека пандемијата најверојатно започнала со истекување на вирусот од кинеска лабораторија.

    „ФБИ веќе некое време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијална несреќа во лабораторија во Вухан“, каде што вирусот првпат се појави во 2019 година, рече Вреј во интервју за американската телевизија Фокс њуз, обвинувајќи го Пекинг за обидувајќи се да ги блокираат напорите на САД да ги истражат причините за пандемијата.

    „Кинеската влада прави се за да ја оневозможи и прикрие нашата работа, работата што ја работиме, работата што ја прават нашата влада на САД и блиските странски партнери“, тврди тој, додавајќи дека ова е „срам за сите“, пренесува француски новинската агенција АФП.

    Кина, која сè уште не одговорила на тврдењата на директорот на ФБИ, ги отфрли ваквите обвинувања во минатото, нарекувајќи ги кампања на оцрнување против Пекинг. Меѓу другото, таа се осврна на истрагата на Светската здравствена организација (СЗО) од 2021 година, која теоријата за истекување од лабораторијата ја опиша како „исклучително неверојатно“, пренесува британски Би-Би-Си.

    Прочитајте повеќе: Најновото истражување: колку добро сте заштитени ако сте закрепнале од ковид-19

    Дури и во американската влада без единствен став
    „Одредени партии треба да престанат да ја повторуваат приказната за „протекување лабораторија“, да престанат да ја клеветат Кина и да престанат да го политизираат потеклото“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

    Сепак, истрагата на СЗО се најде на удар, а нејзиниот генерален директор Тедрос Аданом Гебрејесус повика на нова, велејќи дека „сите хипотези остануваат отворени и треба дополнителна истрага“.

    Министерството за енергетика на САД, исто така, во понеделникот оцени дека пандемијата „Ковид-19“ најверојатно започнала поради истекувањето на вирусот од лабораторија во Вухан, во најновиот извештај на директорот на Канцеларијата на националното разузнавање Аврил Хејнс.

    Но, некои други агенции во американската разузнавачка заедница веруваат дека вирусот се појавил природно. Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби во понеделникот истакна дека дури и во американската влада нема консензус за неговото потекло. Според Вреј, истрагите се уште се во тек, и затоа тој не можел да сподели „многу детали од доверлива природа“ со јавноста, пренесува германската новинска агенција dpa.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img