More

    Дури 50 компоненти кај „Шахедите“ доаѓаат од западни земји!

    spot_img

    Различни компоненти на европски производители се инсталирани во ирански беспилотни летала што Русија ги користи во нападите врз Украина, се наведува во таен документ што Киев го испратил до своите западни сојузници од групата Г7. До извештајот успеал да дојде лондонски Гардијан.

    Според Киев, дури 52 електрични компоненти произведени од западни компании биле пронајдени во дронот „Шахед-131“ и 57 компоненти во моделот „Шахед-136“, кој има опсег на летот од 2.000 километри и брзина на крстарење од 180 километри на час.

    На 47 страници украинската влада дава детали околу тоа како претходните три месеци имало повеќе од 600 напади од руски беспилотни летала (UAVs) кои содржат западна технологија.

    Во документот Украина побарала од сојузниците да ѝ испорачаат ракети со долг дострел за да ги нападне погоните каде овие дронови се произведуваат во Иран, Русија и во Сирија.

    Пет европски компании, вклучително и полска подружница на британска мултинационална компанија, беа именувани како оригинални производители на идентификуваните компоненти.

    „Меѓу производителите има компании со седиште во земјите од коалицијата што воведоа санкции кон Русија: САД, Швајцарија, Холандија, Германија, Канада, Јапонија и Полска“, се наведува во документот.

    Извештајот не ги обвинува западните компании дека згрешиле, туку се наведува дека Иран ги користи достапните комерцијални компоненти на пазарот, а дека снабдувањето речиси не е контролирано.

    Барт Гротуис, европратеник кој е член на поткомитетот за одбрана и безбедност на Европскиот парламент, рече дека немало доволна координација меѓу разузнавачките служби на ЕУ за да се справат со злоупотребата на западните компоненти.

    – Мислам дека многу европски разузнавачки агенции воопште не внимаваат на санкциите – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img