More

    Дури 10 споени викенди ќе имаме во 2024, еве зошто ќе биде „проблематично“ само за 2 мај

    spot_img

    Идниот петок ни доаѓа последниот неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, 8 декември, кога ќе го празнуваме „Свети Климент Охридски“, а во 2024 година ќе имаме дури 10 споени викенди.

    „Проблематично“ ќе биде за 2 мај, бидејќи в среда се паѓа 1 мај (Денот на трудот“), додека на 3 мај е Велики Петок, петок пред Велигден, па поради тоа оние кои ќе можат да земат слободен ден ќе си врзат малку подолг продолжен викенд.

    Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

    За сите граѓани на РСМ

    01 јануари (понеделник), Нова Година,

    07 јануари (недела), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,

    10 април (среда), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,

    01 мај (среда), Ден на трудот

    06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

    24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

    02 август (петок), Ден на Републиката,

    8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

    11 октомври (петок), Ден на народното востание,

    23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

    8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

    За граѓаните од православна вероисповед

    06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,

    19 јануари (петок), Богојавление (Водици),

    03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

    21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

    28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

    За граѓаните од католичка вероисповед

    01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

    01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

    25 декември (среда), првиот ден на Божик.

    За граѓаните од муслиманска вероисповед

    16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

    За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

    22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

    За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

    27 јануари (сабота), Свети Сава

    За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

    08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

    За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

    23 мај (четврток), Национален ден на Власите

    За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

    12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

    За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

    28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

    За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

    21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img