More

    ДУИ треба да сфати дека мора да прекине со манипулациите

    spot_img

    ДУИ треба да сфати дека мора да прекине со манипулациите. Едно зборуваа кога беа на власт, сега во опозиција друго зборуваат, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

    „Да ги потсетиме ДУИ, кога беа на власт усвоија Стратегија за реформи во администрација за 2023-2030 година. Во истата констатираат дека балансерот како алатка се злоупотребува и треба да се укине. И Брисел порача и тоа јасно дека балансерот треба да се укине. Како за ДУИ во 2023 година балансерот се злоупотребувал, а сега е неопходен?! ДУИ додека беше на власт беше преоптоварена со местење тендери, бизниси во четири очи, а наоѓаа време во државни институции да играат фудбал. ДУИ додека беше на власт не ја интересираше тоа што стотина илјади млади заминаа, што граѓаните лошо живееја. Сега ја сменија песната затоа што се опозиција и имаат слободно време и гледаат само како да напаѓаат. Сега од ДУИ гледаат само како да направат незадоволство, да дестабилизираат, односно како да го одвлечат вниманието од главната тема, а тоа е дека нивните функционери треба да одговараат. ДУИ има една цел нивните функционери да не одговараат на ниеден начин и тоа се спремни да го попречат по секоја основа. На ДУИ им порачуваме дека нивните обиди за замајување на јавноста не поминуваат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img