ДУИ е за изборен праг од 5 отсто, СДСМ ќе размислува

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поголемите политички партии во Собранието на денешната прес – конференција истакнаа дека предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи.

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми истакна дека неговата партија во работната група ќе предложи една изборна единица со пет посто праг и со отворени листи. Тој посочи дека прагот од пет отсто е во функција за да се обезбеди политичка стабилност.

– Ако господинот Трајанов сака да има загарантирано пратеничко место доживотно, ајде да разговараме и за тоа, но во рамките на работната група. Треба да бидеме конструктивни. Токму поради овие причини, Демократски сојуз беше против отворени листи за советници, бидејќи така целата јавност ќе дознае кој колку тежи во политичката сцена и затоа беа против – рече Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека ниту ДУИ, ниту било која од албанските партии самостојно не може да го достигнат овој праг, Адеми рече дека ова „не е блеф и оти ДУИ поддршката што ја уживаа може да се потврди и да се направи проста математика дали пет отсто е достижно или не“.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски истакна дека неговата партија ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека, како што посочи, тие биле првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица.

– Ги поддржуваме законските измени во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР. Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг. Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието – рече Талески.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потенцира дека неговата партија ќе даде поддршка на една изборна единица откако ќе се договорат другите работи.

– Став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на една изборна единица е тоа дека не се мешаме во внатре коалициските комбинаторики на владејачките партии и конфликтите кои што постојат меѓу нив по однос на овој процес затоа што гледаме дека од една страна имаме лицемерие дека поддржуваат една изборна единица. А од друга страна, втора година имаме закочен  процес на закон кој што е во процедура. Ние ги повикуваме ДУИ и нивниот подизведувач СДС да се произнесат по оваа прашање, затоа што играта на лош и добар полицаец продолжува од овие две политички партии. Имено, ако одреден временски период во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ им беше крива затоа што немаа една изборна единица, а им е дел од коалициското ветување уште од седумнаесетта година на владејачкото мнозинство, се уште ги држат помалите политички партии во коалиција со оваа ветување – рече Мицевски.

Share This Article