Државниот инспекторат за животна средина најави секции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државниот инспекторат за животна средина најави санкции за четири правни и две физички во врска со опасниот отпад  најден кај селото Орман.

„По добивање на овластено известување на инспектор за животна средина направен е вонреден инспекциски надзор на 24.10. Утврдивме дека на плац на две физички лица оставена е одредена количина на отпад кој потекнува од рецикал Еко-Старт Скопје, со А еколошка дозвола, лоциран на територија на општина Чучер Сандево. Отпадот е од оловни акумулатори“ – информираа од Државниот инспекторат за животна средина.

Директорот на Инспекторатот, Сретен Стојковски, на денешната прес-конференција информираше дека ќе следи и соодветна постапка за санкционирање за неколкуте законски прекршувања, односно за загрозување на животната средина и природа со отпад.

– Иако постои меѓусебен договор меѓу Рецикл Еко-Старт и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот во Орман, несоодветно е транспортиран и складиран отпад кој потекнува од правниот субјект Рецикл Еко-старт, на локација која не е наменета за складирање на ваков отпад, односно нема добиено дозвола од МЖСПП што е казниво по закон – појасни Стојковски.

Од Државниот инспекторат за животна средина најавија дека ќе следуваат понатамошни акти во инспекциската постапка, односно решенија со наредба за безбедно враќање на отпадот во кругот на рецикалот Еко-Старт во рок од 60 дена и забрана за работа во време од 90 дена.

Изминатиот месец инспектор од општина „Ѓорче Петров“ утврди дека на приватен плац во селото Орман биле најдени 600-тони опасен отпад од акумулатори за кој граѓаните велат дека таму стои веќе шест месеци.

Share This Article