More

    Државната изборна комисија ги објави конечните резултати

    spot_img

    Државната изборна комисија (ДИК) обработи 100% гласови на парламентарните избори и ги објави конечните резултати. Познат е новиот состав на македонскиот парламент кој треба да работи во корист на граѓаните во наредните 4 години. Доминантна партија во Собранието ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, односно коалицијата Твоја Македонија предводена од оваа партија која на парламентарните избори обезбеди 58 пратенички места, односно одвои 426.022 гласови или 43,32% од вкупниот број. Речиси тројно помалку гласови доби коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ за која гласале 154.684, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има 137.561 глас или 13,67%, а коалицијата Вреди 107.090 гласа или 10,64%.

    Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.662 гласа или 6,82% и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со 56.277 гласа или 5,59%.

    Ова се политичките субјекти и имињата на новите пратеници во македонското Собрание:

    ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 58 пратеници:

    ИЕ 1 – 10 мандати:
    Христијан Мицкоски,
    Гордана Димитриеска-Кочоска,
    Љупчо Димовски,
    Синиша Стојаноски,
    Бети Стаменкоска-Трајкоска,
    Тони Јаревски,
    Иван Живковски,
    Љупчо Пренџов,
    Марија Митева,
    Иванка Василевска.

    ИЕ 2 – 8 мандати:
    Владо Мисајловски,
    Жаклина Пешевска,
    Иван Стоилковиќ,
    Бобан Николовски,
    Бојан Стојаноски,
    Каролина Насковска,
    Зоран Коцевски,
    Бране Петрушевски

    ИЕ 3 – 14 мандати:
    Драган Ковачки,
    Никола Мицевски,
    Рашела Мизрахи,
    Игор Здравковски,
    Никола Коњановски,
    Благица Ласовска,
    Миле Лефков,
    Даниела Христова,
    Марија Петрушевска,
    Душко Иванов,
    Александар Јамалов,
    Драгана Бојковска,
    Емил Спасовски,
    Драгана Арсова.

    ИЕ 4 – 13 мандати:
    Александар Николоски,
    Антонијо Милошоски,
    Ели Панова,
    Дејан Проданоски,
    Зоранчо Јованчев,
    Ангелинка Петкова,
    Петар Ристески,
    Златко Пенков,
    Моника Трајанова,
    Јулија Тушевска,
    Жан Дрвошанов,
    Петар Марков,
    Билјана Кузманоска.

    ИЕ 5 – 10 мандати:
    Ѓорѓија Сајкоски,
    Олга Лозановска,
    Сашо Донев,
    Пеце Милевски,
    Јован Јаулески,
    Лидија Петкоска,
    Мевмед Џафери,
    Кире Божиновски,
    Силвана Ангелевска,
    Грација Бакраческа.

    ИЕ 6 – 3 мандати:
    Дафина Николоска,
    Александар Велјановски,
    Валентина Марчевска.

    СДСМ и коалицијата – 18 пратеници:

    ИЕ 1 – 3 мандати:
    Димитар Ковачевски,
    Моника Зајкова,
    Даниела Николова

    ИЕ 2 – 2 мандати:
    Оливер Спасовски,
    Фатмир Битиќи

    ИЕ 3 – 4 мандати:
    Сања Лукаревска,
    Љупчо Николовски,
    Горан Мисовски,
    Благој Бочварски

    ИЕ 4 – 5 мандати:
    Венко Филипче,
    Јованка Тренчевска,
    Миле Талевски,
    Соња Мираковска
    Борче Цветков.

    ИЕ 5 – 3 мандати:
    Јован Митрески,
    Бисера Костадиновска Стојчевска,
    Митко Трајчулески.

    ИЕ 6 – 1 мандат:
    Славјанка Петровска

    Европскиот фронт  – 19 пратеници:

    ИЕ 1 – 2 мандати:
    Блерим Беџети
    Илир Хасани.

    ИЕ 2 – 4 мандати:
    Садула Дураки,
    Скендер Реџепи,
    Дијана Тоска,
    Ељми Азири

    ИЕ 5 – 4 мандати:
    Зијадин Села,
    Муса Џафери,
    Арбана Пашоли
    Исмаил Јахоски.

    ИЕ 6 – 9 мандати:
    Али Ахмети,
    Талат Џафери,
    Илире Даути,
    Мендух Таќи,
    Рина Ајдари,
    Бејџан Илјас,
    Илир Демири,
    Сали Мурати,
    Фатмире Исаки

    Коалиција Вреди – 13 пратеници:

    ИЕ 1 – 2 мандати:
    Изет Меџити
    Беким Сали

    ИЕ 2 – 4 мандати:
    Африм Гаши
    Ријад Шаќири
    Мерита Колчи-Коџаџику

    ИЕ 5 – 1 мандат:
    Салим Сулејмани

    ИЕ 6 – 7 мандати:
    Биљал Касами,
    Беким Ќоку,
    Мимоза Муса,
    Халил Снопче,
    Фатмир Лимани,
    Саранда Имери-Стафаи
    Садик Сулејмани

    ЗНАМ на Максим Димитриевски – 6 пратеници:

    ИЕ 1 – 1 мандат:
    Бобан Карапејовски

    ИЕ 2 – 2 мандат:
    Даниел Стојчевски,
    Даниела Белимова

    ИЕ 3 – 1 мандат:
    Павле Арсоски

    ИЕ 4 – 1 мандат:
    Миле Цеков

    ИЕ 5 – 1 мандат:
    Весна Бендевска

    Левица – 6 пратеници:

    ИЕ 1 – 2 мандати:
    Димитар Апасиев,
    Реџеп Исмаил

    ИЕ 2 – 1 мандат:
    Амар Мециновиќ

    ИЕ 3 – 1 мандат:
    Борислав Крмов

    ИЕ 4 – 1 мандат:
    Сашко Јанчев

    ИЕ 5 – 1 мандат:
    Јована Мојсоска

    Ова не е конечен состав на Собранието бидејќи дел од пратениците ќе станат министри и функционери во новата влада и ќе ослободат место за влез во Собранието на подолните кандидати од листите.

    Новиот парламентарен состав избран на вчерашните избори, согласно новиот Деловник на Собранието, треба да биде конституиран најдоцна до 28 мај. Мандатот на пратениците почнува да тече од конститутивната седница на законодавниот дом. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

    Конститутивната седница ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник и ќе претседава со седницата до изборот на нов спикер. Претседател на новиот параментарен состав, се очекува да биде избран најдоцна на 1 јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img