More

    Државата обезбеди 700 милиони евра за исплата на пензиите во следната година

    spot_img

    Министерството за социјална политика, демографија и млади за наредниот едногодишен период на располагање ќе има 68,15 милијарди денари (1,2 милијарди евра) , односно 6% повисок износ во споредба со оваа година. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за исплата на правата од пензиско и инвалидско осигурување и зголемување на пензиите, како и за инвестиции и исплати за социјална и детска заштита – истакнаа министерот Фатмир Лимани и заменикот министер Ѓоко Велковски на денешната прес-конференција на која го претставија буџетот за 2025 година.

    – Со предлог-буџетот за 2025 предвидени се 47,8 милијарди денари, односно околу 700 милиони евра за исплата на пензии и тоа претставува зголемување за 8 милијарди денари во споредба со 2024 година. Се грижиме и за граѓаните кои се во социјален ризик, а за 2025 година обезбедивме 14,5 милијарди денари за исплата на правата од социјална и детска заштита и бегалци и азиланти, што е околу 100 милиони денари повеќе во однос на буџетот од 2024 година и зголемен е износот на одделни права со порастот на трошоците за живот. Обезбедивме 275,3 милиони денари, односно околу 4 милиони евра за довршување или започнување инвестиции, изградба и опремување на нови детски градинки, домови за стари лица и други објекти за социјална заштита, како и за трансфер на средства до општините за капитални инвестиции – рече  Лимани.

    Со капиталните инвестиции за детска заштита опфатени се 16 објекти во општините Чаир, Могила, Дебар, Гевгелија, Карбинци, Делчево, Прилеп, Гази Баба, Валандово, Желино, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Теарце, до крајот на годината ќе се вложат средства во 25 детски градинки, како и во девет објекти за социјална заштита.

    -Министерството е отворено за нови апликации од општините за изградба, реконструкција, адаптација и опремување на објекти за социјална и детска заштита. Дополнително се охрабруваат општините да аплицираат на следниот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти од потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините. За следната година со буџетот обезбедуваме дополнителни 300 милиони денари, односно околу 4 милиони евра за блок дотации кон општините за непречено функционирање на постојните капацитети на детските градинки и објекти од социјална заштита, домовите за стари лица, како и за нови капацитети за згрижување и воспитување на деца во детските градинки. За оваа намена предвидени се 3,6 милјарди денари, односно околу 50 милиони евра. Во буџетот на Министерството следната година за проекти финансирани со заеми од Светска банка предвидени се 6,5 милиони евра за активностите од проектот за подобрување социјалните услуги, втор проект за подобрување на социјалните услуги и проект за администрација на социјално осигурување – додаде Лимани.

    Заменик-министерот Ѓоко Велковски најави две клучни реформи што Министерството ќе ги реализира во наредната година, а што треба да обезбедат поголема транспарентност, одговорност и правичност во социјалната заштита.

    – Првата реформа е дигитализација на социјалните услуги и во тек е воспоставување унифициран систем за социјално осигурување што ќе овозможи на сите релевантни институции како што се УЈП, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување и на центрите за социјална работа. Овој систем е софтверско решение во соработка со Светска банка и автоматски ќе ги открива злоупотребите при исплата на социјалната помош. Овој дигитален систем ќе овозможи полн увид во податоците и ќе спречи повторување на ваквите неправилности, ќе ги обедини податоците за сите осигуреници со цел да обезбеди ефикасност и транспарентност.  Исто така, завршува со развој  и СВИС – единствениот софтвер кој ќе ги обедини сите социјални права и услуги, додека центрите за социјална работа ќе бидат опремени со потребната ИТ опрема за негово нормално функционирање. Втората реформа на социјалниот систем е имплементација на платежната картичка за корисниците на социјална помош која преку 50 проценти од средствата ќе може да ги користат исклучиво за купување на македонските производи. Со оваа мерка не само што ќе ја стимулираме домашната економија, туку осигуруваме и одговорно управување со јавните ресурси – рече заменик-министерот Велковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img