Друштвото на филмски работници на Македонија денеска ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Друштвото на филмски работници на Македонија денеска ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“.

Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи вечер, од 20 часот, на отворањето на „Златна рамка 22“, во хотелот „Александар Палас“.

Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе му припадне на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја добива Сашко Коцев. Оваа година првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. ДФРМ годинава одлучи да им оддаде почит за нивната импресивна работа која низ годините придонесува за успешен развој на националната и балканската кинематографија.

Кирил Спасески ја добива наградата филмски автор поради неуморната посветеност и извонредното сценографско обличје на десетиците филмови од земјава и регионот.

Добитник на почесната награда филмски работник е Бранко Петровски поради дедицираноста кон македонскиот филм во процесите на неговото создавање и промоција и особената посветеност на младите автори и нивниот пробив.

Актерот Сашко Коцев ја заслужи почесната награда филмски актер со низата вонредни филмски остварувања во последните години.

Драган Бјелогрлиќ ја добива почесната награда за странски автор поради неговата појава пред се како актер, додека како продуцент и режисер ги обединува малите балкански народи. Неговото име и презиме значи мост помеѓу нашите слични, а сепак многу различни култури, нации и конфесии. Оваа награда е еден вид признание за особен приодонес кон балканскиот филм и градењето на културна кохезија помеѓу
балканците.

Манифестацијата „Златна рамка“ годинава се одржува од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Share This Article