More

    Дритон Небиу е нов директор на Агенцијата управување со одземен имот

    spot_img

    Алијанса на Албанците доби уште едно директорско место. Дритон Небиу е поставен за директор на Агенцијата управување со одземен имот. Тој доаѓа на местото на Фатон Асани од СДСМ.

    Тој на Фејсбук објави дека честа да се предводи една институција како Агенција за управување со одземен имот, колку што е одговорна е и благородна од самиот факт дека истата претставува алка во системот преку кој на народот како реален сопственик му се враќа тоа што и му припаѓа, а некој сакал со истото да се збагати на нивна штета.

    „Како управител на оваа Агенција ќе се заложам на секого да му припадне она што го заслужува и она за што работел. Затоа, управувањето со одземениот имот представува исправање на неправдата која му е нанесена на секој еден граѓанин на Република Северна Македонија со самото враќање на одземеното, украденото или незаконски стекнатото како и незаконски користеното во полза на граѓаните и за граѓаните. Работата на Агенцијата за Управување со одземен имот во голема мерка зависи од она што правосудните органи ќе го докажат како незаконски стекнато или користено, додека јас како управител можам да ветам дека таквите добра ќе бидат управувани домаќински и максимално искористени за доброто на граѓаните“, напиша Небиу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img