More

    Дрејк „изгоре“ милион долари обложувајќи се на финалето на Мундијалот во Катар

    spot_img

    Славниот рапер Дрејк е познат по тоа што не штеди пари кога се обложува, а често и губи. Така беше и вечерва кога „изгоре“ милион долари обложувајќи се на финалето на Мундијалот во Катар.

    Дрејк се обложил во милион долари дека Аргентина ќе победи и тоа во регуларните 90 минути, односно дека нема да има ниту продолженија ниту пенали. Мора да се признае дека беше на добар пат, меѓутоа Килијан Мбапе со два гола го остави без пари, па натпреварот заврши 2:2.

    Според неговиот тикет, доколку погодел добивката би изнесувала 2,75 милиони долари.

    Ова не е првпат Дрејк да изгуби пари на спортско обложување. Пред еден месец загуби два милиони долари на УФЦ-борба, кога се обложи дека Израел Адесања ќе ја одбрани титулата против Алекс Переира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img