More

    Драмолетка се одиграла на лет од Крит за Лондон

    spot_img

    Глас кој викал „Бомба, бомба, излегувајте брзо“ ја наголемил веќе настанатата паника на лет од грчкиот остров Крит до Лондон,  откако претходно експлодирала електронска цигара. Силниот тресок ги вознемирил патниците.

    – Слушнавме силна експлозија, потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад –  раскажале патниците за британскиот медиум ДејлиМејл.

    Цигарата експлодирала додека била во полначот. Според еден од сведоците, жената која го носела уредот во нејзината торба почнала да мавта со рацете во обид да го спречи ширењето на чадот во кабината на авионот.

    Компанијата EasyJet потврди дека на летот EZY8216 од Ираклион до Лондон дошло до евакуација на патниците, откако пожар избувнал во торбата на еден од патниците за време на качувањето.

    „Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, стои во соопштението на компанијата. За среќа, нема информации за сериозни повреди, а патниците биле пренесени на друг лет откако ситуацијата била решена.

    Инцидентот ја покрена дебатата за тоа колку се безбедни полначите за електронските цигари инсталирани во авионите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img