More

    Драматични спасувачки акции поради снегот

    spot_img

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше за повеќе драматични спасувачки акции спроведени во текот на изминатото деноноќие, откако обилните снежни врнежи предизвикаа хаос на повеќе патишта низ Македонија.

    Во еден од случаите, семејство од Кочани со дете кое боледува од епилепсија остана заглавено во селото Леуново, без можност да ја добие потребната терапија. Благодарение на координацијата на ЦУК со општинските служби, тие беа успешно извлечени и безбедно вратени во својот дом.

    Во слична ситуација се најде и бремена жена од селото Врбен, чие возило било заглавено од снегот. На местото билиспратен трактор којшто возејќи пред автомобилот со големи напори успеа да го извлече возилото до безбедна локација по што истото се упати кон својот дом.

    Во Леуново, пак, беше регистриран уште еден драма – лице приклучено на апарат за кислород остана заглавено во викендица со сопругата, додека снежната покривка достигнуваше височина од еден метар.

    „Примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во с.Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја. Во координација со ПС Маврово и Итна Медицинска Помош Гостивар, истите беа на лице место, но поради висина на снежна покривка од околу 1 метар, не се во можност истата да јa пренесат до амбулантното возило. Лицето поседува и агрегат за струја, во случај да снема. Во координација со одговорното лице од ЕЛС Маврово Ростуше договорено е денес околу 09.30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 – 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од ИМП Гостивар да ја преземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар. За оваа ситуација известени се и ДЗС Гостивар и РЦУК Гостивар“, информираат од ЦУК.

    Регионалниот ЦУК Тетово информира дека најголем дел од повиците биле поврзани со непроодни патни правци во Маврово и околните села. Поради снежните наноси, повеќе лица останале блокирани, а дел од патиштата доцна синоќа беа расчистени.

    Во 09:20 часот, РЦУК Скопје добил и пријава од група лица кои се наоѓаат во Планинарскиот дом „Караџица“ во истата општина. Тие, исто така, не можеле да се вратат дома поради висината на снежната покривка. Градоначалникот на Општина Студеничани бил информиран и за овој случај.

    Дополнително, проблеми со водоснабдувањето се забележани во Берово, Крушево и Кавадарци. Во Крушево, снегот предизвикал дефекти во електроснабдувањето, поради што пумпните станици не функционираат.

    Од ЦУК апелираат граѓаните да го следат временскиот билтен и да се информираат преку медиумите за состојбата на патиштата пред да се упатат на патување.

    „Сите граѓани кои се во животозагрозувачки ситуации може да се обратат на единствениот број 112, каде што итно се координираат мерки за нивно извлекување. Битно е да се избегнуваат патувања без зимска опрема, особено во високи планински предели“, изјавија од ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img