Потенцијалната продажба на скапо „порше“ стана опасна ситуација кога се покажа дека купувачот е всушност крадец и дека крадецот е подготвен на сѐ, дури и да го усмрти сопственикот.
Полицијата во Онтарио сè уште не ја идентификувала девојката која заѕвонила на вратата на продавачот на „Porsche Cayenne“ од 2022 година и побарала тест возење.
Инцидентот се случил на 6 септември и надзорните камери го снимиле моментот кога продавачот му го предал клучот на потенцијалниот купувач.
Девојката ја заклучила вратата и го прегазила сопственикот, за среќа без посериозни последици.
Се чини дека крадецот имал помош и поддршка од соучесници во други автомобили.
Девојката исчезнала со автомобилот, а полицијата бара помош за пронаоѓање на сторителот и возилото.