More

    Драматичен пад на земјоделското производство лани

    spot_img

    Драматично влошување на состојбата во земјоделството, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска, а се однесуваат на засеаните површини и на растителното и добиточно производство.

    Статистика регистрира 514.375 хектари обработлива површина што е намалување за о,5% во однос на 2022 година. Намалување е забележано и кај површини според тоа за што се користат. Така под овоштарници површините се намалени  за 2,5 %, а кај лозјата за 4,6 %.

    И во однос на засеаните површини под растителни култури е забележано намалување и тоа кај сите почнувајќи од житата, индустриски и фуражни култури, како и кај градинарски култури.

    Освен што има намалување на површините под овошни култури  и полјоделски култури има намалување и на производството, па така кај  јаболката намалувањето е за 51,2 %, крушите за 41,2 %,сливите за 46,1 % и праските за 50 %.

    Кај  останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 %, доматите за 23%, краставиците за 34,3 % и крмната пченка за 31,7 %, а кај тутунот е забележано намалување на производството од  8,7%.

    Единствено зголемување на производството има кај оризот од 5,4 % и кај пиперките од 4,1 %.

    Според податоците на Државниот завод за статистика лани  во однос на 2022 година е намалено производството на млеко и месо.

    Кравјо млеко во 2023 година се произведени 238. 328 илјади литри што е помалку од 2022 година за 26,5%. Намалување од 20,5% има и кај производството на овчо млеко, а зголемување од 3,3 % е забележано кај козјото млеко.

    Лани е намалено и производството на сите видови на месо и тоа за 7,4 %.

    Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.

    Во текот на изминатата година, како и години наназад земјоделците и сточарите алармираат дека поради високите трошоци и ниските откупните цени на производството голем дел од нив се откажуваат од производството, а се помал дел од младите се одлучуваат да работат нешто во земјоделството. Бројките кои денеска ги објави статистика го покажуваат токму овој тренд. Намалено е растителното и добиточното производство, а се намалени и обработиливите површини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img