Драма во Флорида откако крузер полн со гости се најде во страшна бура

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка на која се гледаат патници од брод за крстарење фатени во бура како трчаат на безбедно и се обидуваат да си ги спасат животите.

Имено, се работи за брод за крстарење на компанијата „Royal Caribbean“, кој превезувал голем број туристи. Инцидентот се случил на Флорида, а во еден момент палубата на бродот толку се навалила што гостите буквално почнале да „летаат“ од едниот до другиот крај на бродот.

Овој страшен момент го снимил еден од патниците, а на него се слушаат преплашените гости, кои гледале како летаат лежалки и чадори од силниот ветер и паѓаат врз луѓето кои не успеале навреме да побегнат.

Она што најмногу ги загрижи корисниците на социјалните мрежи е тоа што никој од екипажот на бродот не ги информирал патниците за тоа што се случува, ниту каде да се сокријат за да бидат безбедни.

Она што најмногу ги загрижи корисниците на социјалните мрежи е тоа што никој од екипажот на бродот не ги информирал патниците за тоа што се случува, ниту каде да се сокријат за да бидат безбедни.

„Наместо да им кажуваат на луѓето да одат на горната палуба додека имаме предупредување за силно невреме, можеби треба да бидат повеќе загрижени за нивните гости и вработените и да им кажат да влезат внатре“, се вели во видеото.

 

Share This Article