More

    Драгана и Никола ги подготвуваа борачите од Кина за Олимпијадата во Париз

    spot_img

    Драгана Тодорова и Никола Трајковски, македонски физиотерапевти со големо искуство во работата со врвни спортисти или клубови во нашата земја, од почетокот на годината и се професионално ангажирани од страна на боречката федерација на Кина.

    Една од најбројните делегации на Игрите во Париз со 716 членови на делегација (од кои 405 спортисти), традиционално е онаа од НР Кина, најнаселената држава во светот. Секоја година, оваа голема азиска држава, во процесот на подготовки на нејзините спортисти, користи ресурси во однос на тренери, физиотерапевти, тренери за физичка подготовка итн., преку вклучување на истите во матичните федерации, со цел стекнување на знаење и проширување на видиците во однос на Европа и Северна Америка. Меѓу нив се и нашите Драгана Тодорова и Никола Трајковски.

    Драгана е ангажирана во сегментот на женски олимписки тим – слободен стил, додека Никола работи со двата машки олимписки тима во борење слободен стил и грчко-римски (класично) борење.

    – Во комуникација со мој пријател кој е кондиционен тренер во Шангај имав и претходно понуди за работа во Шангај, но не беа доволно добри за да ја напуштам работата и тимот во Скопје. Кога пристигна понудата да работам во Кина за нивниот Олимписки комитет, без размислување прифатив бидејќи, да работиш како терапевт во Олимписки тим за друга држава е нешто што не го добиваш секој ден. При комуникација со тамошната федерација се отвори уште една позиција за терапевт во женскиот тим па ја исконтактиравме Драгана со која имав соработка и во Скопје – изјави Трајковски.

    Двајцата Македонци се презадоволни од условите за работа што ги имаат во кинеската репрезентација.

    – Условите се беспрекорни. Самата федерација се стреми кон совршенство. Опременоста на спортските сали и фитнес центри е на високо ниво. Стационирани сме во Олимписката база во Пекинг, меѓутоа тимот често менува локации на тренирање поради временските услови. На пример, во најладната зима во Пекинг, кога надвор е -20 С, нас не преселија два месеци на остров на Хаинан на тропска клима од +25 С. Летово кога во Пекинг температури стигнаа до +40 С степени , тимот го преселија 2 месеци во Чинквандао, покрај море каде што температурата беше не повисока од 30 степени. Се обрнува внимание на квалитетот на храната и користење суплементи, особено имајќи предвид дека се работи за спортисти кои се подложни константно на допинг контроли – потенцира Тодорова.

    Покрај професионалните предизвици, со кои се соочуваат Никола и Драгана, секако дека за нив предизвик е и прифаќањето на навиките на луѓето во оваа далечна и древна источна култура, воодушевувајќи се на дисциплината која владее и својствено на тоа и напредокот кој го има Кина на сите полиња. Најчесто поставувани прашања, од страна на блиските пријатели и роднини, се во однос на исхраната и како се снаоѓаат, на што и двајцата одговараат дека немаат никаков проблем со истата, бидејќи е разнолика, без конзерванси и високо протеинска.

    Драгана и Никола ќе останат во Кина до стартот на ОИ во Париз, кога и им завршува договорот, со можност за продолжување на истиот до следните ОИ во 2028 година.

    Олимпијадата во Париз ќе биде отворена в петок и ќе трае до 11 август.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img