„Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил“.
Вака напиша Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ и на Твитер објави видео од веселба на која човек пука со автоматско оружје од балкон. Според Ковачки, лицето е командир во македонската полиција, а веселбата се случува во Македонија.
За овие тврдења уште нема соопштение и известие од страна на МВР.
Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.
Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил.#ДалекуСмеОдЕу pic.twitter.com/MVeBlWwdMd— Драган Ковачки (@Kovacki1) August 27, 2023