Германија никогаш не го објави точниот датум кога ќе испорача оружје на Украина, изјави денеска портпаролот на германската влада, реагирајќи на наводите за доцнење.
– Јасно е дека сè што најавивме и решивме да го испорачаме, сакаме да го испорачаме што е можно поскоро – додаде тој.
Германија сè уште не добила барање од Шпанија за испорака на тенкови Леопард, кои Мадрид сака да ги испорача на Украина, додаде портпаролот.