More

    Дошол на патот каде што била убиена Данка, застанал и почнал да лае

    spot_img

    Трагично заврши потрагата по исчезнатата Данка Илиќ, откако вчера беше објавена веста дека девојчето е убиено. По неа десет дена трагаа голем број полицајци, пожарникари и жандармерија, а во акцијата се вклучи и познатото полициско куче Зиги, кое е во пензија, но сепак беше донесено во Бањско поле за да ја олесни потрагата.

    Како што дознава српски Блиц, кучето Зиги открило трага на злосторството.

    Тој бил донесен во Бањско поле и тргнал во потрага. Тој стигнал до патот каде Дејан Драгијевиќ со автомобил ја удрил Данка и ја усмртил, додека на совозачкото седиште бил неговиот колега Срѓан Јанковиќ.
    Зиги на местото на ударот застанал и лаел покажувајќи дека Данка била таму за последен пат.

    Зиги (9 години) е белгиски овчар и е обучен и квалификуван да бара и спасува живи луѓе од урнатините и на отворен простор. Тој поминал низ основна обука за послушност, како и основна обука за спасување и пребарување.

    Зиги учествуваше во неколку спасувачки операции и во неколку меѓународни вежби во Словенија и Србија, а многу помогна при наоѓањето на преживеани во катастрофалниот земјотрес во Турција.

    За потсетување, полицијата во Бор ги уапси работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот под сомнение дека ја убиле малата Данка Илиќ ( 2).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img