More

    Досегашните иницијативи игнорирани од Советот на општината

    spot_img

    И покрај многуте барања за продолжен престој на родителите на ученици од основните училишта во Центар, за жал сè уште тоа не им е овозможено на сите ученици во нашата општина – реагира Левица во соопштение.

    Ова е втор пат да поднесуваме ваква иницијатива, откако минатиот пат беше одбиено да се постави на дневен ред со образложение дека истота се коси со законот. Според законот, продолжениот престој е задолжителен и загарантиран од МОН до 3. одделение, додека пак од 3. до 5. одделение, доколку училиштата имаат потреба, продолжениот престој се финансира од општините и општините се должни тоа да го овозможат.

    Децата од нашите училишта насушно имаат потреба од овој престој, што се докажува и со бројните барања и иницијативи од советите на родители во самите училишта.

    Советниците на Левица во Центар побараа итно решавање на овој проблем и за истото да се дискутира и да се најде решение на утрешната кординативна седница, која ќе се одржи исто така на барање на нашата советничка група, со цел темелно да се дискутира за повеќе прашања пред седницата за носење на престојниот буџет“ – се вели во соопштението на Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img