Алијансата денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници. Русија претрпела меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персоналот, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници.
Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската окупација на Украина.
Анонимен функционер на НАТО, кој ги презентира податоците, изјави дека проценката е комбинација на податоци од украинската Влада, индиции од Русија и информации од теренот.
Американската Влада, од друга страна, одбива да објави проценки, наведувајќи дека досега достапните информации не се веродостојни.