Управата за јавни приходи информира дека досега само 6.607 даночни обврзници по основ на ДДВ од очекуваните 40.975 поднеле даночна пријава -ДДВ-04 и апелира останатите да го почитуваат законскиот рок за пријавување до 25 октомври.
Оваа обврска, се наведува во соопштението, важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.
– Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина – велат од УЈП.
Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин фирмите да се заштитат од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки.