More

    Досега се вакцинирани 29.000 граѓани

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека за бесплатна вакцинација против сезонски грип досега се пријавени 58.012 граѓани. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизацијата против сезонски грип и досега се вакцинирани повеќе од 29.000 граѓани.

    Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

    Заинтересираните можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на веб страницата – vakcinacija.mk, а потоа преку смс порака ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

    Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img