Досега 34 пријавиле можно труење со газирана вода

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на лица кои се сомневаат дека се затруени со газирана вода во Хрватска расте. Вкупно 34 лица се пријавиле кај лекарите, а најмногу пациенти дошле во болниците во Загреб, пишува Јутарни. Од нив двајца се со ерозивни повреди, но никој не е задржан на болничко лекување.

Шест пациенти дошле во болницата „Сестре милосрднице“, а сите шест биле отпуштени дома, а кај ниту еден не биле констатирани ерозивни повреди. Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб се пријавиле двајца пациенти. Еден е задржан на болничко лекување, а еден е отпуштен дома.

Еден пациент е задржан во болницата во Риека.

Докторите контактирале уште тројца пациенти во Сплит и по еден во Карловац, Вараждин, Винковци, Чаковец и Вировитица. На пациентот во Вараждин му биле констатирани ерозивни повреди, но не бил задржан на болничко лекување, јавува Н1.

Како што дознава Н1, неколку случаи се појавиле на истокот од земјата, но сите имаат благи клинички симптоми.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош во текот на вчерашниот ден изјави дека најдобро е засега граѓаните да пијат само обична вода.

Хрватската подружница на „Кока Кола“ повлече три серии  производи од земјата, додека корпорацијата „Фортенова“ ги повлече сите свои производи на „Кока Кола“, односно пијалаците Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик. Полиците во продавниците се празни.

Дубравка Марија Крековиќ, нутриционистка и раководителка на одделот за безбедност на храна на ХЗЈЗ, ги опиша можните знаци на труење.

– Првото нешто што може да се забележи е различниот вкус на пијалокот што се консумира. Во усната шуплина може да дојде до чувство на печење, а еден од најлошите случаи е крварење на слузокожата на усната шуплина, објасни гостинот во емисијата „Добро утро, Хрватска“ на ХРТ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article