More

    Досега 10 загинати, 4 исчезнати, 2.000 спасени во невремето во Грција

    spot_img

    Грција во последниве денови минува низ незапамтена драма, што ја предизвика бурата од библиски размери – „Даниел“, предизвикувајќи поплави кои уништија куќи и патишта, а во таа катастрофа има и загинати и исчезнати. Освен тоа, стотици луѓе се заробени и чекаат спасувачи и евакуација.

    На социјалните мрежи кружат видео снимки од состојбата во централна Грција, на кои се гледа дека полињата со пченица се опустошени, a луѓето се качуваат на покривите за да бидат пренесени на безбедно со хеликоптери.

    Во невремето „Даниел“ што од вторникот ја зафати Грција, вкупно десет лица ги загубија животите, четворица се исчезнати во областите Волос и Пилио, а спасени се речиси 2.000 лица, соопшти министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиља.

    Кикиљас попладнево информираше дека од завчера кога во 14 села започна акцијата за евакуација и спасување со воздушни и копнени средства, со хеликоптерите на противпожарната служба и армијата биле спасени 296 лица, од кои на 150 им била потребна итна медицинска помош, додека на копно, со чамци и возила 1.700 лица биле пренесени на безбедни локации.

    Во акцијата се вклучени над 1.000 спасувачи од цивилната заштита и армијата, како и вкупно 20 хеликоптери од противпожарната служба, од армијата, од грчката полиција, како и три швајцарски хеликоптери кои во Грција беа за гаснење на пожарите, а сега се користат за дистрибуција на храна и вода за отсечените села.

    Кикиљас рече дека постојано се следи состојбата на реката Пиниос во околината на Лариса

    и истакна дека „потребна е голема внимателност од сите бидејќи поплавите може да се интензивираат во секое време“.

    Од четврток наутро драматични моменти се забележани во Кардица и Трикала, каде во одрони „пресекоа“ села во општина Палама. Истовремено, голем број жители остануваат заробени во поплавените населби, до кои надлежните не можат да стигнат.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img