Младиот германски напаѓач Максимилијан Бејер (21) се пресели од Хофенхајм во Борусија Дортмунд.
21-годишниот фудбалер кој неодамна дебитираше за германската репрезентација треба да ја „среди“ дупката во нападот откако Никлас Фулкруг неодамна замина во Вест Хем Јунајтед.
Финансиските детали не се објавени, но германските медиуми велат дека Дортмунд за Бејер ќе плати околу 28 милиони евра.
Младиот офанзивец за првиот тим на Хофенхајм дебитираше во 2020 година, а досега на 46 настапи постигна 18 гола. Една сезона помина и на позајмица во Хановер.