Тоа што Зоран Заев вели дека не сакал да прави пуч во СДСМ и не сакал кандидатура за претседател на државата се должи на тоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема поддршка, тврди поранешниот премиер Никола Груевски во статус на Фејсбук.
„Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија. Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат. Поминаа години. Испокраде што можеше и сега нормално е да се плаши и да се правда, затоа што допрва треба да се испитува потеклото на парите што ги крие по соседството и пошироко“, пишува Груевски и додава дека Заев се уште смета на тоа дека поради предавставата на националните интереси ќе биде заштитен, па затоа цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и слично.
„Таа порака не е толку до народот, туку потсетување до оние кои му беа единствениот извор на моќ и на чија заштита смета и сметал цело време додека (вршел) злодела“, пишува Груевски.
Во постот Груевски потсетува и на тоа дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар во Скопје бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување.
„Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче, заради хирови и комплекси, дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве, видовме колку може. Нов клинички нема, а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за Нова година, да може да ја закрпи државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и од тоа што шест години не можат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи, бидејќи треба два дена да пишувам“, пишува Груевски.
Денеска Зоран Заев се огласи со пост на Фејсбук, во кој ги демантираше „инсинуациите“ на Плусинфо дека правел пуч во СДСМ и дека сакал да се кандидира за претседател на државата со поддршка на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Во постот Заев зборува за своите успеси, а на прво место на листата на противниците неговите успеси го спомнува „поранешниот премиер и бегалец од правдата Груевски“.
Ова е целиот пост на Никола Груевски: