Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше феноменален изминатата ноќ каде со трипл-дабл учинок го водеше својот Далас маверикс кон убедлив триумф против Сан Антонио спурс од 144-119.
Сепак, тој и пред мечот имаше свое шоу, откако доби обложување со своите тренери. Дончиќ со нив често се обложува дека може да изведе неверојатни потези, а оваа ноќ тоа и му успеа.
Тој свртен со грб кон кошот успеа со една рака да погоди од половина терен, а по загубениот облог тренерите на франшизата од Тексас мораа да прават склекови.