More

    Донација за СВР Скопје од Канцеларијата на ОН за борба против трговијата со дрога и криминал

    spot_img

    Денеска (07.08.2024) во просториите на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, присуствуваше на доделувањето на донација од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против трговијата со дрога и криминал (УНДОЦ) за потребите на организационите единици од областа на недозволената трговија со дрога при овој Сектор за внатрешни работи.

    Имено, во рамки на континуираната соработка со УНОДЦ за потребите на СВР Скопје беа врачени технички средства – тестери за откривање на помали количини опојни дроги за повеќекратна употреба, а во насока на поефикасна превенција од употребите на дроги. Овие технички помагала ќе бидат ставени во употреба по донесување на измените и дополнувањата на чл.20 од ЗППЈРМ (кој што се однесува на мали количини опијати) и кои што не може да се вештачат во Одделот за форензички испитувања, бидејќи согласно измените во чл. 215, ст.6 од КЗ на РСМ не претставуваат кривично дело. Практично, со овие дрога тестери ќе може да се вештачи малата количина која ја поседуваат лицата и ќе може да им се поднесе прекршок по чл.20 од ЗППЈРМ.

    Инаку на средбата со претставниците на УНДОЦ, и челните луѓе при СВР Скопје, директорот Јанев заблагодарувајќи се на вредната донација и истакнувајќи ја досегашната извонредна соработка на оваа Канцеларија со македонската полиција, потенцираше дека истата треба и може да се продлабочи во многу сегменти, пред се од технички и едукативен аспект, од борбата против недозволената трговија со дроги, а се со цел поквалитетно и поуспешно спречување на овој вид на криминал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img