Доналд Трамп ужива најголема доверба во трката за републикански претседателски кандидат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп ја задржува својата доминантна позиција во трката за републиканска претседателска номинација за изборите во 2024 година, привлекувајќи поддршка од повеќе од половина од гласачите на партијата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена вчера, пренесе БТА.

Истражувањето покажа дека 61% од републиканците изјавиле дека ќе гласаат за поранешниот американски претседател на прелиминарните избори на Републиканската партија. Ниту еден од ривалите на Трамп не му се доближува според рејтингот.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли се поддржани од 11% од републиканците. Претприемачот Вивек Рамасвами е поддржан од 5%, а поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи доби 2%. Осум проценти од републиканците велат дека се неодлучни за кого ќе гласаат.

Прелиминарните избори за избор на нов претседател на САД почнуваат на 15 јануари во американската сојузна држава Ајова.

Share This Article