Доналд Трамп најави тужба поради рацијата на неговиот имот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп најави тужба поради рација на неговиот имот на Флорида.

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп најавија тужба против американското Министерство за правда поради рацијата на неговиот имот Мар а Лаго на Флорида во август 2022 година, каде што агентите на ФБИ заплениле илјадници документи што тој неовластено ги однел со себе од Белата куќа. објави Fox News.

Адвокатите на Трамп минатата недела најавија дека ќе бараат отштета од 100 милиони долари, тврдејќи дека рацијата е непотребна бидејќи одделот можел едноставно да побара да се вратат документите.

Но, тие не кажаа дека Националниот архив, заедно со Министерството за правда, постојано барале од Трамп да ги врати документите, вклучително и строго доверливи документи, пред рацијата, но тој тврдел дека ги нема, објави телевизијата Ен-Би-Си.

Доверливите документи го поттикнаа специјалниот обвинител Џек Смит да поднесе обвинение против Трамп, но федералниот судија Ејлин Канон, назначена од Трамп, неодамна ја отфрли тужбата, тврдејќи дека назначувањето на Смит е неуставно. Смит ја обжали таа одлука.

Share This Article