Доналд Трамп на митинг во американската држава Ајова навести можна нова кандидатура за претседател на САД.
Тој пред луѓето во Сијукс Сити синоќа изјави дека „многу, многу, многу веројатно” повторно ќе се кандидира во 2024 година.
– За нашата земја да биде успешна, безбедна и славна. Многу, многу, многу веројатно ќе го сторам тоа повторно – соопшти Трамп.
Тој зборуваше на првиот од четирите митинзи што ќе ги има во петдневната кампања за републиканските кандидати пред изборите за Конгрес и гувернери на сојузните држави.