Домот за деца без родители „11 Октомври“, затворот „Идризово“, Државното училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ се дел од установите во кои е донирано запленетото овошје и зеленчук од вчерашната акција на Кванаташкиот пазар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Домот за деца без родители „11 Октомври“, затворот „Идризово“, Државното училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ се дел од установите во кои е донирано запленетото овошје и зеленчук од вчерашната акција на Кванаташкиот пазар.

Ова го соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот по вчерашната заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи.

Од Агенцијата додаваат дека запленетото овошје и зеленчук се донирани и во  Универзитетската клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација во Скопје, Здружението за слепи лица во Куманово, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, Психијатриската болница „Скопје“, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле и во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.

Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека се  работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира.

-Затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи, велат од Агенцијата за управување со одземен имот.

Оттаму велат дека за првпат се случува запленетата стока во истиот ден да биде донирана во овие институции и додаваат дека и натаму ќе продолжат со теренските активности.

Share This Article