More

    Домашни експерти работат на проектот кој може да чини милијарда евра

    spot_img

    Владата би сакала хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост, но тоа ќе зависи од конечниот износ кој ќе треба да се плати за нејзина изградба, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешниот брифинг со новинарите.

    – Сакаме тоа да биде државен проект, но прво да видиме колку пари ќе чини. Или ќе гледаме да биде во доминантна државна сопственост. Според некои проценки, сумата може да стаса од 600 милиони до една милијарда евра што за Македонија е многу – рече Божиновска.

    Таа додаде дека треба да се инвестира во Чебрен за Македонија да биде енергетски независна. Особено, ако се земе предвид дека во последните три години сме дале 340 милиони евра за увоз на струја.

    Министерката потврди дека има заинтересирани странски инвеститори за хидроцентралата и дека сакаат во изградбата да бидат вклучени домашни фирми и експерти.

    За да не се губи уште најмалку една година на изработка на нова физибилити студија, собрани се сите домашни експерти кои ги разгледуваат сите досега предложени решенија. Нивната задача е да направат проект и план врз основа на кој ќе се бараат финансии за изградба.

    Според Божиновска, во ЕСМ постојат студии за Чебрен од 1960 година, а последната е од 2022 година. Таа нагласи дека при проектирањето треба да се има предвид новата хидрологија во земјава зашто климата е променета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img